Ердоган: Турција ќе ја прочисти границата од сириските Курди

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги критикуваше курдските Сили за заштита на народот, кои уживаат поддршка од САД, наведувајќи дека ќе ја прочисти турско-сириската граница од нивните припадници. – Турција нема да дозволи „гнездо на терористи“ во близина на границата, посочи Ердоган, алудирајќи на областа што е под контрола на Силите за заштита на народот во северниот дел на Сирија. Source: New feed

...повеќе

Путин: Благодарност до Трамп и ЦИА, спречен е нападот врз катедралата

Кремљ соопшти денеска дека претседателот на Русија Владимир Путин му се заблагодарил на неговиот американски колега Доналд Трамп, како и на ЦИА, за информациите кои помогнале за апсење на екстремистите кои планирале да извршат напад врз Казанската катедрала во Сенкт Петербург. – Путин го увери Трамп дека руските безбедносни служби се подготвени да споделат информации за можни терористички закани врз САД, наведе Кремљ. Source: New feed

...повеќе

Такси-превозниците нема да полагаат за меѓународен сертификат по англиски јазик

Министерството за транспорт и врски најави дека почнува процесот на подготовка на измените во Законот за превоз во патниот сообраќај. Со измените, за кои во оваа фаза се прибрираат мислења на Единствениот регистар на прописи, се предвидува укинување на условот такси-превозниците задолжително да поседуваат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик. Сегашниот закон предвидува превозникот, покрај останатите услови, да има и вработено авто-такси возачи во зависност од бројот на возила кои ги поседува, или минимум еден возач по возило и ти да поседуваат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик на ниво…

...повеќе

Иран: Макрон слепо го следи Трамп

Иран денеска го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон поради неговите цврсти ставови за Техеран. Иранците му порачаа на Макрон дека брзо ќе го загуби неговиот меѓународен кредибилитет доколку продолжи слепо да го следи американскиот претседател Доналд Трамп. – За да го задржи меѓународниот углед Франција не смее слепо да ги следи САД, наведе Али Акбар Велајати, советникот на врховниот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи. Source: New feed

...повеќе

Фолксваген Поло ГТИ за 2018 година

Во Германија почна продажбата на новата верзија на моделот Фолксваген Поло ГТИ, којшто во таа земја чини 23.950 евра. Спортската верзија на овој доста баран хечбек се движи со помош на моќен дволитарски турбо-бензинец, со 200 коњски сили, кој развива максимален број вртежи од 320 њутнметри. До 100 километри на час возилото развива за 6,7 секунди. Покрај поагресивниот надворешен изглед, Поло ГТИ се одликува и со специјални 17-инчни алуминиумски фелни, а внатре има карирани спортски седишта и црвени детали карактеристични за Фолксваген ГТИ автомобилите. Меѓу доплатните опци се и ЛЕД…

...повеќе

Гулаш со кисела зелка

Одлично јадење за овој период од годината … Потребно е: 1,5 кг свинско месо 1 главица кисела зелка 3 поголеми главици кромид 1 лажица свинска маст 4 листови ловор говетска супа сол, бибер Подготовка: – Исечете го месото на помали парчиња (колку еден залак), а зелката на тенки ленти. – Кромидот ситно исецкајте го. Во тава на рингла на синската маст пропржете го кромидот додека да стане стаклест. – Во тавата додадете го месото и кратко пропржете го. – Сипете ја супата, но внимавајте место не треба да плива во течноста, значи немојте да сипете…

...повеќе

Груевски неделава трипати во суд

Поранешниот премиерот Никола Груевски сè почесто ќе се појавува во Кривичниот суд во Скопје. Освен што мора еднаш неделно, секој работен петок да се пријавува кај шалтерски службеник како една од мерките која му ја определи Судот во замена за притвор, Груевски речиси по двапати во неделата мора да се јавува во Судот за обвиненијата кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Груевски утре треба да се појави на две судења. Во 9.45 во судницата број 1. е закажано ново рочиште во обвинението за провизиите за кинеските патишта „Траекторија“, каде е…

...повеќе

Протест во Анкара поради одлуката на САД за Ерусалим

Со слоганот „Слобода за Ерусалим, мир на човештвото” во центарот на Анкара се одржа голем протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. На протестот присуствуваа илјадници граѓани кои вееја знамињата на Турција и Палестина. Организатори на демонстрациите се голем број невладини организации. Source: New feed

...повеќе

Џонсон: Русија е како Спарта

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја спореди Русија со Спарта, на што реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека Русија никогаш не била „милитаристичка земја“, за разлика од европските држави. Џонсон посочи дека Атина е „пандан на САД и Западот“, а Русија ја спореди со „затворената, злобна, милитаристичка и антидемократска Спарта“. Сепак, Џонсон нагласи дека земјите треба меѓусебно да соработуваат. – Споредбата не е точна. Не е, бидејќи Русија никогаш не била „милитаристичка земја“, за разлика од европските земји. Суштината во разликата меѓу…

...повеќе

Фајон: Сите со нетрпение ја очекуваат агендата за проширување на ЕУ

Пратеничката во Европски парламент Тања Фајон денеска изјави дека поради недостиг на договор во Босна и Херцеговина, како и поради комплексната структура на државата и отсуството на искрена желба од лидерите успорен е патот на земјата кон Европска унија. Таа за агенцијата ФЕНА изјави дека „БиХ многу често е најслаба алка во ланецот западнобалкански држави на патот кон Унијата“. – Би сакала 2018 да биде година кога БиХ ќе добие статус на кандидат и потсетувам дека тоа е исклучително во рацете на лидерите на БиХ, посочи Фајон. Source: New feed

...повеќе