Во конфликтот во Сирија загинале повеќе од 340 илјади лица

Од почетокот на конфликтот во Сирија пред шест и пол години загинале повеќе од 340 илјади луѓе, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според невладината организација за мониторинг на човековите права документирани биле 343.511 лица кои го загубиле животот од средината на март 2011 година. Помеѓу убиените 102.618 биле цивили, меѓу кои 19 илјади деца и 12 илјади жени.

Од загинатите 119 илјади биле припадници на провладините сили, а убиени биле и 59 илјади борци од бунтовничите групи и Сириските демократски сили и курдско-арапската унија.

Source: New feed

Поврзани написи

Leave a Comment