Гостивар се приклучи на хуманитарната акција „Не фрлај, туку донирај“

Одделението за образование, култура и спорт при Општина Гостивар се приклучина иницијативата “Не фрлај, туку донирај”. Во рамките на оваа иницијатива, средата, четвртокот и петокот се прогласија како Денови на хуманоста.

„Да се мобилизираме и да покажеме дека хуманоста, позитивната волја и љубовта еден кон друг, сеуште постојат во ова поднебје”, вели одговoрната на Одделението за образование, г-ѓа Аслиан Снопче, прецизирајќи дека за оваа цел ќе се собираат книги и играчки за деца од 2 до 5-годиншна возраст.

Одделението за образование апелира до сите оние кои имаат можност да донираат играчки за деца да се јават на телефонскиот број 070 345 235, или детските книги и играчки да ги доставатво локалот на иницијативата „Не фрлај, туку донирај” лоциран спроти Ургентниот центар на гостиварската болница, или директно во детската градинка.

Source: New feed

Поврзани написи

Leave a Comment