Билиќ: Очекував отказ, но горд сум што работев во овој клуб

Хрватскиот тренер Славен Билиќ е четвртиот менаџер во Премиер лигата кој доби отказ по серијата слаби резултати. Билиќ денеска беше разрешен од позицијата менаџер на Вест Хем, откако неговата екипа загуби во саботата на домашен терен од Ливерпул со 4:1 во натпревар од 11.коло од Премиер лигата. – Очекував отказ и нема лутење. Разочаран сум, но не од клубот. Можам да бидам горд на мојата работа во овој клуб. Сезоната не ја почнавме добро, а како и во многу клубови кога нема резултат, тренерот ја плаќа цената. Тоа е логичен…

...повеќе

Бекер: Не сум останат без пари и немам објавено целосен банкрот

Поранешниот најдобар светски тенисер Борис Бекер ја потврди информацијата дека од пред неколку месеци е банкрот, односно дека на приватна британска банка и должи 3,5 милиони долари. Но, тој напомена дека сепак неговите компании не се директно вклучени во тоа. – Вистина е дека од 21 јуни сум во процес на банкрот, но погрешно е да се каже дека сум „скршен“. Во моментов се води стечаен процес против мене, но моите компании не се директно погодени со тоа. Имаме различни видувања за вкупниот износ на долгот. Моите адвокати подолг период…

...повеќе

Зидан во одбрана на Роналдо

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа во голгетерска криза. Португалецот сезонава има постигнато само еден гол во шпанска Примера, а шест во Лигата на шампионите. Иако Роналдо не е во голгетерска форма, сепак тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека Португалецот одлично си ја врши работата. – Медиумите секогаш гледаат негативно, а јас поинаку од нив. Роналдо асистираше за голот на Иско. Сите знаеме дека тој е најсреќен кога дава голови, но и сега е среќен. Сепак и без да постигне гол тој одлично си ја врши работата, изјави…

...повеќе

Промоција на поетската збирка „Еленот слуша виножито“ од Магдалена Чапаровска

Дебитантската стихозбирка „Еленот слуша виножито” од младата поетеса Магдалена Чапаровска во издание на Издавачкиот центар „Три“ ќе ја доживее својата промоција на 15 Ноември во Менада, во 20:00 часот. Промотор на збирката ќе биде писателот и поет Стефан Марковски. Рецензентката Виолета Танчева-Златева за оваа прва поетска пројава на Чапаровска потенцира: „Иако се работи за поезија која е инспирирана од актуелни, современи проблеми (ангажирана поезија), сепак песните во оваа книга се издигнуваат на повисоко естетско ниво благодарение на длабоката семантика и умножените значења. Темите иако пост модерни, несомнено се и безвременски.…

...повеќе

Дваесет и шестгодишната прилепчанка пронајдена почината во својот дом | +инфо

+инфо – 21:16 06/11 Семејството повикало итна медицинска помош, но екипата само можела да ја констатира смртта на младата жена. Дваесет и шестгодишната прилепчанка изутринава е пронајдена почината во својот дом. Press24: Трагедија во Македонија: Млада девојка пројадена мртва во својот дом Шеталиште: 26 – годишната прилепчанка пронајдена почината во својот дом Стандард: 26-годишна прилепчанка пронајдена почината во својот дом 6 поврзани вести » Powered by WPeMatico

...повеќе

Дваесет и шест годишната прилепчанка пронајдена почината во својот дом

Дваесет и шест годишната прилепчанка изутринава е пронајдена почината во својот дом. Прилепското основно јавно обвинителство побара да се изврши обдукција врз телото за да се утврдат причините за нејзината смрт, информираат од обвинителството. Дваесет и шест годишната прилепчанка со иницијали Е.К изутрината околу 5.50 часот била пронајдена мртва во својот дом. Семејството повикало итна медицинска помош, но екипата само можела да ја констатира смртта на младата жена. Била повикана и полицијата, а увид напрвил и обвинител од основното јавно обвинителство. Според јавниот обвинител Ристо Шошески, за да се утврдат…

...повеќе

Во „Рајските документи“ и сестрата на Мило Ѓукановиќ

Сестрата на поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ и нејзиниот партнер основале две оф-шор компании на Малта, кои се поврзани со рударска индустрија и преработка на минерали. Нивните имиња се споменуваат во „Рајските документи“, во вчера објавената база на податоци со над 13 милиони документи кои протекоа од две агенции за давање оф-шор услуги и деловни регистри. Меѓу профилите на моќни луѓе, чии оф-шор компании се откриени во базата, направена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), се наоѓа и на Ана Ѓукановиќ, под нејзиното поранешно презиме Коларевиќ, како и на…

...повеќе

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (06 – 12 НОЕМВРИ)

Овен Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но Марс се уште се наоѓа во вашето поле на парите, па се уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите…

...повеќе

Во „Рајските документи“ врска меѓу министер на Трамп и зетот на Путин

Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, поседува акции во компанијата за гас, во која дел од сопственоста има зетот на рускиот претседател Владимир Путин, покажаа „Рајските документи“. Според податоците на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), Рос има акции во шпедитерската компанија Навигејтор холдингс, на која еден од главните клиенти и е петрохемискиот производител Сибур. Зетот на рускиот претседател, Кирил Шамалов поседува 20 отсто од сопственоста на компанијата, иако неговиот удел е сега многу помал. Портпаролот на министерството за трговија, Џејмс Рокас денеска изјави дека Рос никогаш не се запознал…

...повеќе

Секој ден од БиХ заминуваат еден до двајца лекари

Секој ден од БиХ си заминуваат еден до двајца лекари. Најалармантно е во Тузланскиот кантон, од каде државата ја напуштаат најмногу лекари, вели претседателот на Синдикатот на лекари и стоматолози, Рифат Риад Заид. Тој потенцира дека генералниот штрајк на синдикатот, кој почна утрово, ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања. Рифат Риад Заид е задоволен што со премиерот Конаковиќ денеска беше постигнат договор за потпишување на колективен договор, и рече дека тој дејствувал како „држава“. – Сакаме да се направи колективен договор, за јасно да се види позицијата…

...повеќе